Една од најпознатите фотографии на Винстон Черчил исчезна пред неколку дена од хотелот во канадскиот град Отава каде што се наоѓала. Утврдено е дека е заменета со лажна фотографија, а целиот случај го истражува полицијата.
Познатата фотографија на Винстон Черчил е направена во 1941 година. Фотографијата ја направил Јусуф Карш набргу откако Черчил одржал воен говор во канадскиот парламент, пренесува порталот „Кликс“.
Iconic Winston Churchill photo vanishes from Canada hotel https://t.co/HshENJpHhl
— BBC News (World) (@BBCWorld) August 23, 2022
Еден член на персоналот во хотелот „Шато Лауриер“ прв забележал дека фотографијата е заменета на 19 август, јавува Би-би-си.
Персоналот во хотелот првпат сфатил дека нешто не е во ред во петокот, кога членовите на персоналот забележале дека рамката на фотографијата не се совпаѓа со онаа на другите слики на Карш во истата просторија.