Украина го одложи гласањето: Избори за нов парламент и претседател кога ќе заврши војната

од Stefanija Kuzmanovska

Украинските политички партии едногласно се согласија да ги одложат изборите до крајот на војната, пренесува „Новаја газета“ Европа.

Партиите во Врховната рада, украинскиот парламент, се договорија следните парламентарни и претседателски избори во земјата да се одржат само кога ќе заврши војната, пишува украинскиот онлајн весник Strana.ua.

Минатиот месец, украинскиот претседател Володимир Зеленкси рече дека „не е вистинско време“ да се одржат избори во земјата, додавајќи дека земјата треба „да се фокусира повеќе на одбраната“. „Мора да одлучиме дека сега е време да се браниме и да се бориме“.

Иако петгодишниот мандат на Зеленски истекува во 2024 година, изборите не можат да се одржат додека не се прогласи крај на вонредната состојба во земјата. Зеленски рече дека би било „неодговорно“ да се одржат избори за време на војната.

Претставниците на сите партии „се согласија дека идните слободни и фер национални избори треба да се одржат по завршувањето на војната и вонредната состојба, со доволно време да се подготват за изборите“, се вели во изјавата потпишана минатиот месец, која штотуку беше објавена во јавноста.

Потписниците нагласија дека изборите треба да се одржат најдоцна шест месеци по укинувањето на вонредната состојба. Претседателските избори првично требаше да се одржат во март 2024 година.

Слични содржини