Украина: Лажни референдуми на окупираните територии немаат правна основа

од Nikola Popovski

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи изјави дека „Русија продолжува да прави напори за поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

Тој додаде дека „лажните референдуми што Русија планира да ги одржи на окупираните територии немаат правна основа“.

„Русија ќе се соочи со уште посилен одговор од меѓународната заедница, што ќе ја продлабочи нејзината глобална изолација“, соопшти портпаролот.

Претходно беше соопштено дека сепаратистичката украинска територија Луганск, чија независност, заедно со другите територии на исток, Москва ја призна, наскоро би можела да организира референдум за приклучување кон Русија, изјави лидерот на таа област Леонид Пашечник.

„Мислам дека во блиска иднина ќе се одржи референдум на територијата на (самопрогласената) Република Луганск, на кој народот ќе го искористи своето апсолутно уставно право и ќе го каже своето мислење за приклучување кон Руската Федерација“, рече тој.

Слични содржини