Украинците објавија ВИДЕО од помор на риби по уништувањето на браната

од Stefanija Kuzmanovska

Украинските власти споделија видео на социјалните мрежи на кое се гледа како риби отскокнуваат во калта од надојдените води на реката Дњепар.

Реката Дњепар, да потсетиме, го поплави југот на Украина по уништувањето на браната Нова Каковка северно од градот Херсон.

Видеото го објави и Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Екоцид во режија на Русија“, напиша Јермак на Твитер.

Слични содржини