Украинскиот премиер побара од САД економска помош во износ од 11,8 милијарди долари

од Stefanija Kuzmanovska
435 прегледи

Украина очекува да добие 11,8 милијарди долари економска поддршка оваа година, изјавил денеска нејзиниот премиер Денис Шмигал.

Киев се соочува со буџетски недостиг од 37 милијарди долари во 2024 година поради двегодишната руска инвазија и се потпира на западните партнери за оваа витална помош.

Шмигал изрази надеж на форумот во Киев по повод втората годишнина од руската инвазија дека американските пратеници ќе ја одобрат долгоочекуваната економска и воена помош.

„Длабоко сме убедени дека САД нема да ја напуштат Украина“, навел тој, мислејќи на помошта од 60 милијарди долари која со месеци беше блокирана во американскиот Конгрес.

Слични содржини