Уметник потопи во крв 25 примероци од книгата на принцот Хари

од Stefanija Kuzmanovska

Уметникот Андреј Молодкин потопил во крв 25 примероци од книгата „Spare“ на принцот Хари, по неговите контроверзни забелешки за бројот на загинати во Авганистан.

Долгогодишниот обожавател на Молодкин, Фабијан Нордман, изјави за „Скај њуз“ дека сака да ја купи крвавата копија за повеќе од бараната цена бидејќи сака да обезбеди „едно од првите изданија“.

Уметникот кој ги потопи со човечка крв копиите од мемоарите на принцот Хари рече дека продал некои од нив за петоцифрена сума. Тој исто така планира нов протест на денот на крунисувањето на британскиот крал Чарлс.

Слични содржини