УНИЦЕФ: Околу 67 милиони деца останаа без рутински вакцини за време на пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska

Околу 67 милиони деца биле целосно или делумно лишени од рутински вакцини меѓу 2019 и 2021 година поради нарушувања во здравствените системи поврзани со пандемијата на ковид-19, соопштија утринава Обединетите нации.

Ситуацијата предизвикана од ограничувањата во здравствените системи го врати светот повеќе од 10 години назад во однос на вакцинацијата на децата, процени Фондот на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ).

Во извештајот на УНИЦЕФ се предупредува дека „враќањето на вистинскиот пат ќе биде предизвик“.

УНИЦЕФ наведува дека во споменатиот период 48 милиони деца не примиле ниту една вакцина.

Слични содржини