Универзитетите, стартапите и корпорациите севкупно се решение за сите предизвици

Универзитетите, старт ап компаниите и корпорациите треба и може да соработуваат во соочување со новите предизвици – е заклучок од панел дискусијата „Креирање идеи, истражување, трансфер на технологија – како универзитетите и старт ап компаниите може да ги трансформираат корпорациите“. Панел дискусијата ја организираа Бизнис Акцелераторот УКИМ и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ во рамки на Глобалната недела на претприемништвото, овозможено од Македонија од Стартап Македонија.

Извршниот директор на Кримсон Капитал и Претседател на Развојната Фондација Кримсон, Мајкл Голд, потенцираше дека се соочуваме со многу невидени предизвици.

„Глобалната пандемија, неколку глобални економски шокови и политички кризи во многу земји, не оставаат да се прашуваме што е следно. Со неодамнешниот развој на вакцини, може да видите дека развојот и истражувањето се претворија во комерцијализирани производи и услуги, всушност помагаат да се надминат сегашните и идните предизвици. Соработката меѓу универзитетите, истражувачките лаборатории, бизнисите и Владите овозможува комерцијализирање на истражувачките проекти“, рече Голд.

Според професорот Владимир Атанасовски, кој е извршен директор на Центарот за трансфер на технологии и иновации, Универзитетите имаат корист од соработката со компаниите, односно како оптимален модел, финансирањето на нивните истражувања да произлегува од приватниот и од јавниот сектор.

„Колку и да е голема компанијата, не може сè сами да развиете. Поврзувањето со академските институции, другите компании (дури и конкурентите) и високо-технолошките стартапи е клучно за одржување на конкурентската позиција. Нашата компанија работи со универзитети и истражувачки институти во последните 20-25 години. Имаме силно внатрешно истражување и развој, но тоа едноставно не е доволно“, истакна Матеја Лавриќ, инаку извршен директор на Колектор вентурс.

На панел дискусијата учествуваа околу 40-тина претставници на образовни компании, на институции, старт ап заедницата, невладиниот сектор и студенти.

Слични содржини