На УКИМ има вкупно 10.535 места за нови студенти. 6.606 од овие места се наменети за државна квота, 2.819 со кофинансирање, а 1.110 се за вонредно студирање. 
На природно-математичките науки има 1.180 слободни места, од кои 555 во државна квота, 370 со кофинансирање, а 255 вонредно.
Најмногу слободни места има во општествените науки – вкупно 3.525, од кои 2.295 се во државна квота, 745 со кофинансирање и 485 вонредно.
Кога станува збор за медицинските науки и здравството понудени се 1.025 слободни места, од кои 670 во државна квота, 305 со кофинансирање и 50 вонредно.
Во биотехничките науки има 1.195 слободни места на факултетите – 705 во државна, 295 со кофинансирање и 195 вонредно.
Најмалку места има на уметничките факултети – вкупно 180. 91 се за државна квота, 89 со кофинансирање, а вонредно нема.
Факултетите со најмногу понудени места за нови студенти се:
Природно-математички факултет (1.180),
Машински факултет (890),
ФИНКИ (990),
Економски факултет (890),
Филозофски факултет (725),
Филолошки факултет (845),
Медицински факултет (730),
Факултет за земјоделски науки и храна (860)
и ФЕИТ (650).
Првиот рок за пријавување на кандидатите е 18. и 19.8.2016, вториот е на 5.9.2016 и третиот е на 15.9.2016.