Американските аналитичари од списанието The National Interest објавија ново сценарио на блицкриг на Русија во Балтикот. Ако претходните слични документи предвидуваа дека инвазијата ќе потрае неколку деноноќија, новото одредува за тоа само “неколку часа”.

Според мислењето на аналитичарите, Воздушно десантните војници (ВДВ) ќе го совладаат Талин и Рига толку брзо дека во штабовите на НАТО нема да успеат ниту да сфатат што се случува.

Сега списание The National Interest решило да го оспори објавениот пред година извештај на истражувачкиот центар Rand Corporation, поврзан со ВВС на САД. Во овој извештај се тврди дека Русија во случај на нарушувања на Балтикот е способна да стигне до главните градови на Латвија и Естонија за помалку од 3 дена.

The National Interest е уверен дека Русија може да ги совладаат Балтикот со  броење  на часови користејќи ги ВДВ. При оваа варијанта Русија ќе преземе ракетен напад и воздухопловни удари “, кои ќеја  победат одбраната во Балтикот”, а потоа ќе одржат операција на ВДВ и ограничено внесување на копнени сили во Литванија од земјата на Калининград.

“Се ќе заврши уште пред Алијансата да разбере што се случува” – се вели во публикацијата.

Во потврда на сценариото се покажуваат податоците на Меѓународниот институт за стратешки истражувања. Според него минатата година Естонија имала 5300 редовни копнени војници, Латвија – 4400, а Литванија – 6000 лица. Уште по првите ракетни и воздухопловни удари, при пад на сите комуникации во државата, тие ќе бидат отстранети од системот.

Војниците од резервата  воопшто не се земат предвид, бидејќи нема да има време за активирање.

При тоа, според оценката на The National Interest, Русија во најдобар случај може да активира само половина (10 хил.д.) од своите ВДВ поради недостиг на транспортни авиони, а таа има само 92 машини Ил-76.

Прогнозата на списанието се потпира на податоците од извршените 18 вежби со учество на ВДВ.

Списанието тврди дека сега РФ има во Калининград две мотостреовни бригади и бригада маринци, со вкупна бројка 14 000 луѓе и поддршка од артилериска бригада.

Според рускиот весник ВЗГЛЯД пред 25 година 11-а армија е целосно растурена и се оставени мали единици кои и дури од теоретска гледна точка не претставуваат закана за НАТО.

Во почетокот на 2010 година, според отворени извори бројноста на копнените сили во Калининградскиот дефанзивен регион изнесува 10 500 војници плус 1100 маринци. Во областа се наоѓаат речиси 500 тенкови, околу 500 БМП и БТР, не помалку од 600 топови.

Впрочем извештаите на Rand Corporation за потребните 3-деноноќија за заземањето на Балтикот, изгледаат на Пентагон премногу сериозна сила. Во ова лето извештајот беше користен од заменик-министерот за одбрана Мајкл Карпентер во една сенатските комисии како аргумент дека Русија може да го освојат Балтикот за 60 часа.