Уште еден пораз за Анџелина Џоли во борбата со Бред Пит

од Vladimir Zorba

На Анџелина Џоли и беше одбиен предлогот за дисквалификација на судијата Џон В. Одеркирк, кој веќе четири години ја води постапката за развод со Бред Пит.

Станува збор за судија кој, меѓу другото, ја венча двојката во 2014 година, но тој е приватно добар и со адвокатскиот тим на Бред Пит, па затоа актерката инсистираше овој случај да го води друг судија.

Сепак, се чини дека таа ќе мора да се помири со овој судија кој досега го водеше случајот, пишува „Vanity Fair“.

Според адвокатот, кој е експерт за разводи, Кристин Привајт, барањето на Анџелина да го смени судијата и ’нанело повеќе штета отколку корист.

„Секогаш кога една од странките во бракоразводната парница бара друг судија (особено кога тужбата е веќе започната), тоа е често затоа што тој или таа не постигнува поволен резултат со судијата што веќе го има и сака да се обиде да постигне поповолен исход со новиот судија. Покрај тоа, причината за промената може да биде затоа што судијата има репутација во пристапот кон случаи што не се поволни за нивната позиција“, објасни Привјат.

Слични содржини