Уште една европска земја ќе ја отвори амбасадата во Киев

од Stefanija Kuzmanovska

Шведска повторно ќе ја отвори амбасадата во Киев, објави денеска на Твитер шведската министерка за надворешни работи Ен Линде.

„Шведска ќе продолжи да ја поддржува Украина и со нетрпение очекува да го врати дипломатското присуство таму каде што припаѓа“, напиша Линде на Твитер.

Шведската амбасада во Киев беше привремено затворена по почетокот на руските воени операции во Украина.

Слични содржини