УСС: Во високото образование не смее да има простор за сексуално вознемирување!

Во пресрет на протестниот марш закажан за в среда, како и низата исповеди и случувања врзани за „Јавна соба“, по однос на ова прашање се огласи и Унверзитетското студентско собрание,  кое посочува и на проблемот врзан за професорите и сексуалното вознемирување во рамки на високото образование.
„Во високото образование не смее да има простор за сексуално вознемирување!
Универзитетот мора да биде безбедна зона за сите студенти.
Јавна тајна се случаите кога одредени професори се однесуваат предаторски кон своите студентки, злоупотребувајќи ја својата позиција на авторитет.
Овие професори не само што треба да бидат етички осудени, туку против нив треба да бидат покренати дисциплински постапки и истите да го загубат своето место во академската заедница.
Ги охрабруваме сите студентки и студенти кои се почуствувале вознемирани или загрозени од своите професори, да ја контактираат студентската правобранителка Теа Мицевска преку нејзиниот мејл [email protected]
Вашата анонимност е загарантирана.
Студентскиот правобранител и студентското собрание се тука за да ви помогнат и заедно да го решиме проблемот.
Не си сам/а!“, стои во објавата на фејсбук профилот на Универзитетското студентско собрание.

Слични содржини