Утре и во недела полициски час од 16 до 5 часот

од Aleksandar Todeski

Поголемо ограничување на движењето за справување со коронавирусот ќе има викендов, одлучи владата. Иако полицискиот час сега почнува во 21 часот, а завршува во 5 часот наутро, а поради зголеменото движење претходниот викенд.

Фото: Борче Поповски

Сите претходно донесени забрани и ограничувања, остануваат во сила, што значи дека полицискиот час за лицата над 67 години останува од 11 часот, додека пак за лицата до 18 години, полицискиот час завршува во 12 часот.

Полицискиот час нема да важи за земјоделците, односно за оние што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности за одгледување на истите во овој период.

„Утврдено е појаснување за ова ограничување кое се однесува на земјоделците заради интензивирање на сезоната на земјоделски работи, особено во градинарските култури. Во делот на исклучувањето на земјоделците од сите донесени одлуки, заклучоци, мерки и препораки на Владата, се допрецизира дека истиот се однесува на земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности за одгледување на истите во овој период“, појаснуваат од владата.

Дозвола за земјоделци, фармери, сточари и други земјоделски работници ќе издава Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Министерството за информатичко општество и администрација.

Слични содржини