УЖАС ВО ТОКИО: Две лица се повредени во напад со сулфурна киселина

од Vladimir Zorba

Две лица се повредени во напад со сулфурна киселина на метро станица во Токио, а потрагата по напаѓачот се уште е во тек, објави денеска јапонската полиција.

Едното лице има изгореници на лицето, а другото на нозете, изјави полицијата и додаде дека напаѓачот избегал.

Нападот во подземната станица во центарот на Токио се случи во вторникот и се совпаѓа со отворањето на Параолимписките игри во главниот град на Јапонија, кое е под строга полициска безбедност.

Во почетокот на август, за време на Олимписките игри во Јапонија, десет лица беа повредени во напад со нож во приградски воз во Токио. Напаѓачот тогаш беше брзо уапсен.

Слични содржини