Ванковска се пожали на „сопки“: Во ДИК во Карпош снемало струја, ботови ја нападнаа мојата веб-страница

од Nikola Popovski

Професорката Билјана Ванковска, која доби поддршка од Левица за претседателски кандидат, се пожали од ДИК дека е отежнат пристапот до неколку нивни подрачни единици, особено за повозрасни лица и лица со инвалидитет. Според неа, има такви случаи во општините Штип и Карпош, при процесот на собирањето на потребните потписи за нејзината кандидатура. Како што кажа денеска Ванковска на прес-конференција, во канцеларијата на ДИК во Карпош снемало струја.

-Сега ние треба да веруваме дека тоа е случајно, нели? Како што снема струја на денот на изборите. Подготвени сме да се справуваме со милион проблеми и како пркос, очекуваме граѓаните да покажат авантуристички дух, истакна Ванковска.

Според неа, оваа трка нема да биде чиста. Се сомнева и дека нејзината веб-страница, отворена за вакви информации е цел на напад.

-Од утрово не работи, а синоќа работеше. Едната верзија е дека има голем интерес за Ванковска, па сите кликаат- камо среќа да е така, но другата верзија е дека ботови веќе почнале намерно да кликаат, за да ја оневозможат, додаде Ванковска.

Професорката тврди дека ваквите „сопки“ се непринципиелни, затоа што како што вели, се уште не сме никаква закана доколку јас не ги соберам тие 10 илјади потписи.

Слични содржини