Вардар после 8 години со деблокирана сметка

од Nikola Popovski
22 прегледи

ФК Вардар утрово информира дека комплетно се исплатени долговите кон уште неколку побарувачи и клубот во иднина може да функционира нормално. Извршниот директор на АД ФК Вардар, Миленко Неделковски, ја известува јавноста дека комплетно се исплатени долговите кон Дарко Панчев – 4.134.855.00 денари, Владица Брдароски – 8.759.744.00 денари, Бенџамин Демир – 6.100.000.00 денари, Михајло Костиќ – 8.834.415.00 денари, Александар Игески – 935.353.00 денари, Фитнес Инфинити – 2.014.562.00 денари и ЕАМ ДОО Штип – 263.006.00 денари.

Исто така се информира јавноста дека сметката на АД ФК Вардар од 9-ти април е одблокирана, со што клубот после цели осум години повторно функционира по сите законски норми и прописи.

Клубот во моментов е на седмо место на табелата со 29 бодови, со што побегна од борбата за опстанокот. Во Македонскиот куп, Вардар игра во полуфиналето и е на добар пат да избори финале откако во првиот натпревар од двомечот со Брера има предност од 3-0.

Слични содржини