За време на презентацијата на новата партија “Движење за демократија во Европа 2025” (DiEM25) Варуфакис истакна дека спорот меѓу Македонија и Грција за името е поврзан со создавањето на Голема Албанија, и дека на тоа треба да се внимава.

  ” Неопходно е да се разбере дека најголема закана од нашиот сосед не се демонстрациите за Александар Велики, туку распаѓањето на самата држава”,рече тој.
  Варуфакис појаснил дека во Тетово имало вооружени Албанци , кои се подготвени да ја поделат Македонија според  логиката на Голема Албанија. Тоа, според грчкиот политичар, би претставувало закана за националните интереси на Грција.