Васил Гарванлиев ја промовира новата песна „Приказна“ (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
Васил Гарванлиев денес 05.8.2020 во 19:00 на неговиот официјален јутуб канал ја објави неговата најнова песна и видеозапис за “ПриКазна„. Ова е негов втор проект оваа година по промоцијата на евровизиската песна YOU со која Васил требаше да настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам.
Верен на својот стил, естетика и скриени пораки, овој пат Васил можеме да го видиме со уште поуникатен уметнички израз низ кој ја раскажува неговата приказна преку “борбата„ во/со себе, а воедно и со се што во моментотов ни се случува – прашање со кое токму и започнува самата песна.
Автор на музиката е самиот пејач, текст на Тања Брковска додека аранжманот е на неговиот долгогодишен соработник и композитор Давор Јордановски. За видеозаписот се погрижија овој пат Digital Box продукција од Охрид во соработка со Ристе Филипов и креативниот директор Јелмаз Дервиши. Приказна е дел од новиот албум на Васил кој е во завршна подготовка и се очекува да биде објавен оваа есен.

Слични содржини