Вавринка ќе се појави на Мастерсот во Рим

од Vladimir Zorba

Швајцарскиот тенисер Стен Вавринка  се уште заздравува од операцијата на коленото, но планира да настапи на Мастерсот во Рим, кој почнува на 14 мај.

Вавринка од претпазливост пред самиот старт одлучи да не настапи на турнирот во Мадрид.

–  Не тренирав десет дена поради повредата на листот. Веќе две недели тренирам со помош на Магнус Норман и цел ми е да се вратам на највисоко ниво. Мислам дека можам да играм и да дадам сто отсто. Коленото ми е добро и убеден сум дека можам да го видам крајот на тунелот, истакна швајцарскиот тенисер.

Тој наведе дека планира да настапи и во Женева или Лион.

–  Се уште не сум се пријавил за ниту еден турнир по Рим. Доколку ми бидат потребни натпревари ќе барам посебна покана за Женева или Лион, нагласи Вавринка.

Швајцарскиот тенисер помина низ долг период на заздравување по двете операции на коленото, а по поразот од Рафаел Надал на Роланд Гарос минатата година одигра само девет натпревари./МИА

Слични содржини