ВАЖНО Е ДА ГИ ЗНАЕМЕ: Сите митови и заблуди за коронавирусот

од Elena Daskalova

Коронавирусот веќе дојде во Италија, а Македонија ги зголемува мерките на превенција и рано детектирање на симптомите, со оглед на тоа што со погодените делови има редовна миграција на патници.

Светската здравствена организација (СЗО) на својата официјалната страница ги објави таканаречените myth busters со цел да се откријат вистините и заблудите околу овој вирус.

Дали автоматските сушачи на раце се ефикасни против вирусот?

Одговорот е НЕ. Овие сушачи што можат да се најдат во тоалетите не се ефективни во борбата против коронавирусот. За да се заштитите од ширење на оваа зараза, треба почесто да ги миете рацете со средство на база алкохол или со сапун и вода.

Дали ултравиолетовите лампи за дезинфекција може да го уништат коронавирусот?

УВ-лампите не би требало да се користат за стерилизирање на рацете или други делови од кожата бидејќи тие зраци можат да предизвикаат иритација и оштетување на кожата

Колку се ефикасни термалните скенери за детектирање на сомнителни случаи на заразени со коронавирусот?

Термалните скенери се ефективни бидејќи детектираат луѓе кои имаа покачена телесна температура. Сепак, не можат да детектираат луѓе кои се инфицирани, но немаат други симптоми. Тоа е така бидејќи потребни се од два до 10 дена пред луѓето да ја развијат болеста.

Сите останати митови поврзани со коронавирусот, можете да ги прочитате ТУКА.

Слични содржини