Вчера изгаснати 25 пожари, пет сѐ уште активни

од Nikola Popovski

Центарот за управување со кризи извести дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 30 пожари на отворено.

Според известувањата до утрово, активни пожари има на пет локации, во Општина Битола пожар с. Новаци, каде што гори ниска вегетација и стрниште, во Општина Долнени два пожари, с. Рилево и с. Кошино. Во Општина Гостивар активен е пожар помеѓу селата Горно Јеловце, Долно Јеловце и Дебреше (пасишта) и во Општина Куманово, спроти Мотел Романовце автопат Куманово-Скопје.

Изгаснати се 25 пожари на отворено, од коишто пет на територијата на Град Скопје, информираат од ЦУК.

Слични содржини