Вчерашното пукање во дворот на Тетовската болница не е поврзано со здравството, уверува Меџити

од Nikola Popovski

Вчера во дворот на Тетовската болница дошло до судир на две групи. Случајно биле во дворот и колку што знам, двајца повредени се префрлени во Скопје, едниот во потешка, а другиот во полесна здравствена состојба, рече министерот за здравство, Фатмир Меџити за вчерашното пукање во Тетово.

Според министерот, причина за инцидентот биле проблеми меѓу групите.

Повредените се наоѓаат на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

-Ваквиот инцидент нема поврзаност со здравството, информира Меџити.

Слични содржини