Вдовицата Моиз ги обвини непријателите од сенка за убиството на нејзиниот сопруг, претседателот на Хаити

од Nikola Popovski

Мартин Моиз, вдовицата на убиениот претседател на Хаити, Жовенел Моиз, ги обвини непријателите во сенка дека го организирале неговиот атентат со цел да се запрат демократските промени во земјата.

Моиз беше убиен рано во средата во неговиот дом во Порт-о-Пренс, објави Ројтерс.

Властите на Хаити соопштија дека атентатот го извршиле странски обучени атентатори, 26 Колумбијци и двајца Американци со хаитско потекло.

Мартин Моиз, која исто така беше ранета во нападот, рече дека нејзиниот сопруг бил мета на напади од политички причини.

„Знаете против кого се бореше претседателот“, рече таа на видеото објавено на Твитер, без да именува никого.

„Тие испратија платеници да го убијат претседателот во неговата куќа каде што беа членови на неговото семејство поради патиштата, водата, струјата и референдумот, како и изборите на крајот на годината, така што за да не доје до транзиција во земјата“, истакна Мартин Моиз.

Слични содржини