Велс ги става бездомниците на листата на приоритетни за вакцинација

од Stefanija Kuzmanovska

Бездомниците во Велс ќе бидат приоритет во иднина кога ќе се вакцинира против Ковид, имајќи предвид дека веројатно многу од нив имаат здравствен проблем, соопшти денеска владата на Велс.

Министерот за здравство Фон Гетинг рече дека ќе се вакцинираат луѓето кои спијат на клупи, луѓе во прифатилишта и оние кои до неодамна беа бездомници, а сега се во засолниште, објави Скај Њуз.

Според податоците на Службата за национална статистика, просечниот животен век на бездомниците е пократок од 31 до 38 проценти отколку кај повеќето луѓе, пишува „Танјуг“.

Слични содржини