Версајската палата евакуирана трет пат во неколку дена поради ДОЈАВА ЗА БОМБА

од Stefanija Kuzmanovska

Версајскиот дворец денеска повторно е евакуиран по закана за бомба, јавува француската БФМ ТВ.

Како што е наведено, во тек е евакуација на палатата Версај.

Екипи за деминирање ќе излезат на местото на настанот, додава БФМ ТВ, повикувајќи се на неименуван извор.

Претходно денеска шест аеродроми во Франција добија закани за бомби и нивната евакуација е во тек.

Ова е трет пат за неколку дена палатата во Версај да биде евакуирана, откако вчера и во саботата беше евакуирана исто така по закана за бомба.

Во Франција нивото на безбедност е подигнато на највисоко ниво од петокот, откако наставник беше убиен во училиште во францускиот град Арас.

Слични содржини