Верстапен израмни постигнување на Шумахер на трката за ГН на Бахреин

од Vladimir Zorba

Макс Верстапен го забележа својот петти Гренд слем во кариерата за време на првиот тркачки викенд од сезоната во Формула 1 2024. Дојде откако Холанѓанецот победи на квалификациите и трката, го постави најбрзиот круг на трката и го предводеше секој круг од трката.

Претходните четири прилики во кои Верстапен го заврши викендот со Гренд слем беа Австрија 2021, Емилија Ромања 2022, Шпанија 2023 и Катар 2023 година. Со денешното достигнување, трикратниот светски шампион се  изедначи на третото место на вечното рангирање по број на Гренд слеми во Формула 1.

Покрај него, пет имаат и двократниот светски шампион Алберто Аскари и седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер.

Повеќе имаат само Џим Кларк со осум и Луис Хамилтон со шест.

Слични содржини