Верстапен за Алонсо: Би било чудно Ред Бул да ангажира 42-годишник

од Vladimir Zorba

Трикратниот светски шампион на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека не е важно кој е неговиот тимски колега. Шпекулациите неодамна го поврзуваа Фернандо Алонсо со местото на Серхио Перез, а Мексиканецот се чини дека ќе си замине на крајот од сезоната.

„Не ми е гајле кој седи до мене. Тоа му го кажав и на тимот. Отсекогаш сум верувал во себе и мислам дека можам да победам секого. Но, ако ме прашате мене, мислам дека би било чудно да потпишеме со 42-годишен возач“, прокоментира Верстапен.

„Во Ред Бул отсекогаш постоела традиција сами да тренираме млади возачи. Потпишувањето на Серхио [Перез] беше надвор од тој тренд, но земањето пилот на 42 години веќе е надвор од границите. Ќе се разбирам со Фернандо. Не мислам на личните односи. Но, гледам и напред, кон иднината на тимот. На крајот, сепак, одлуката кој ќе вози зависи од тимот“, додаде Холанѓанецот.

Слични содржини