Весна го раскажа своето искуство со Ковид-19: Медицинските сестри трчаа во скафандери на 40 степени ноќта кога мајка ми се бореше за живот 

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил сподели уште едно искуство на пациенти кои се заразил од Ковид-19.

„Медицинските сестри трчаа во скафандери на 40 степени ноќта кога мајка ми се бореше со живот или смрт. Презадоволна сум од лекарите, медицинските сестри, болничарките и хигиеничарките во ГОБ „8 Септември“. Достапни беа во секое време. Благодарност до сестра Наташа од Скопје и сестра Снежана од Битола. Таква несебична помош дадоа, немам зборови за грижата кон мене и мајка ми која има 81 година и е дијабетичар веќе 30 години. Тоа што ме мотивираше да издржам овие денови е желбата за живот, моето семејство и ќерката Мила која е во изолација 15 денови сама дома. Апелирам да носиме заштитни маски, да држиме растојание и хигиена за да се заштитиме од коронавирусот“, вели Весна.

Весна, денеска заедно со мајка и Убавка, заминaa дома по 20 дена хоспитализација и лекување од ковид-19 во Градската општа болница „8 Септември“

Слични содржини