Вестбрук сака да си замине од Хјустон

од Nikola Popovski

Расел Вестбрук, кошаркарот на Хјустон Рокетс, наводно сака да го напушти тој клуб, објавија американските медиуми.

Како што е истакнато, еден од најдобрите играчи во НБА лигата се сомнева во амбициите на франшизата од Тексас.

Тој пристигна во Хјустон минатата година, откако претходно помина 11 сезони во Оклахома. Очигледно, неговата желба е да најде клуб во кој би имал улога слична на онаа во поранешниот тим, каде што тој беше апсолутен и неприкосновен лидер на теренот.

Вестбрук не е во таква позиција во Хјустон, бидејќи Џејмс Харден сепак е прва sвезда и наводно не сака да ги напушти „ракетите“.

Проблемите за Хјустон не завршуваат тука, по заминувањето на тренерот Мајк Д’Антони се појавија уште неколку незадоволни играчи.

Меѓу нив се Пи Џеј Такер, кој не е задоволен од преговорите за договорот и Даниел Хаус, Остин Риверс и Ерик Гордон, играчи незадоволни од улогата што ја имаат во составот.

Хјустон беше кандидат за титулата минатата година, всушност така беше секој пат откако Харден се приклучи на тимот, но тој сон, се чини, ќе остане неисполнет.

Слични содржини