Вестбрук сакаше да го тепа навивачот кој му истури пуканки (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Расел Вестбрук доживеа голема непријатност на НБА натпреварот помеѓу Филаделфија и Вашингтон Визардс.

„Фили“ победи со 120: 95, а во еден момент, Расел Вестбрук мораше да оди порано во тунелот поради повреда.

Додека поминуваше веднаш под трибините, еден навивач го опсипа со пуканки, што го разбесни Расел.

Тој дури сакаше и физички да се справи со провокаторот, но луѓето околу него релативно брзо го смирија.

Инаку, Ембид и Симонс го понесе товарот на овој натпревар со по 22 поени.

Најдобар играч кај Вашингтон беше Бил со 33 поени, Вестбрук остана на 10 со 11 асистенции и шест скока, за 29 минути на паркетот.

Фанот кој фрли пуканки е идентификуван и исфрлен од салата. Вестбрук имаше и што да каже по мечот.

„Ако го стореше тоа на улица, ќе беше малку поинаку“, вели популарниот „Рас“.

Слични содржини