ВИДЕО: DC2 cross-coupe на основа на Volvo XC90

од Vladimir Zorba

Индиското студио DC2 (основано од Дилип Чабрија) наведува дека втората генерација на Volvo XC90 послужила како основа за нивниот нов проект, а резултатот е ова издигнато крос-купе со gullwing врати и гуми за сите терени.

Со сосема поинаква надворешност во споредба со XC90, нови светла, зголемен клиренс и странични ретровизори поставени на предните браници, ова возило има само две врати, додека во внатрешноста има четири седишта (со две индивидуални задни седишта).

Во кратката вест не беше прецизирано колку чини новото DC2 cross-coupe.

Слични содржини