(Видео) Еден загинат, петмина потешко и уште 33 полесно повредени во несреќа на македонски автобус во Турција

од Vladimir Zorba

Најмалку еден загинат во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во Турција, кога патничкиот автобус на фирмата Бога Транспорт, полн со туристи се судрил со камион, пренесуваат турските медиуми.timthumb (1)

Загинатиот е 45-годишен маж. Петмина од повредените се наоѓаат во тешка состојба, додека останатите 33 туристи се полесно повредени. Тие се пренесени во болниците во Кешан и Малкара.

avtobus_-_02

Според првичните информации, несреќата се случила на автопатот во близина на градот Малкара.

Несреќата се случила кога автобусот со македонски туристи, кој се враќал од Истанбул, удрил во задниот дел од камион, кој се движел пред него.

По судирот, автобусот со скопски регистерски таблички се заглавил во камионот со турски таблички, при што бил влечен уште стотина метри.

Според турски медиуми, во притвор се наоѓаат возачот на автобусот и возачот на камионот.

Македонското Министерството за надворешни работи, соопшти дека заедно со Генералниот конзулат на Македонија во Истанбул и Амбасадата во Анкара се во постојан контакт со сите надлежни инстутуции во Турција. Сите информации поврзани со состојбата на повредените патници може да се добијат на следните дежурни телефони:

Генерален конзулат на Република Македонија во Истанбул

Мобилен телефон: +90 535 108 5622,
Телефон: + 90 212 249 99 77; + 90 212 251 22 33
Е-пошта: [email protected]
Адреса: Inönü Cad., Üçler Apt. No: 12 D 4, Gümüşsuyu, Taksim, İstanbul

Амбасада на Република Македонија во Анкара

Мобилни телефони: +905383130343; +905385466691
Телефон: + 903 12 439 92 08 F: + 903 12 439 92 06
Е-пошта: [email protected]
Адреса: Karaca sokak 24/5-6 Gaziosmanpasha Ankara

Министерство за надворешни работи на Република Македонија

Мобилни телефони: +38975 237 021
Тел: +389 2 3115 266, лок. 168 Факс: +389 2 3115 790
Е-пошта: [email protected],  infocentar24/[email protected]

Полицијата работи на утврдување на причините за несреќата. Камионот го управувал 28-годишен турски државјанин кој поминал без повреди.

avtobus_-_04

Слични содржини