Салма Абдулкадер има 119 години, што ја прави највозрасна жена на светот.

Ирачката влада одби да и дава социјална помош на бабата, бидејќи била премногу стара за да е жива. Според документите Салма Абдулкадер има 119 години, што ја прави највозрасната жена на светот, пишува “Руптли”В.
Жената беше снимен и фотографирана од локална телевизија. Роднините на Салма раскажуваат дека иако е во поодмината возраст, таа нема никакви здравствени проблеми, освен благо влошување на слухот, и никогаш не ја пропуштила утринската молитва.
Според документите Салма е родена во 1897 година, што ја прави втората познат жена во човештвото, која фатила три века во животот. На крајот на ноември роденден славеше 117- годишна Италијанка, која исто така е родена во 19 век – 1899 година.
Салма Абдулкадер има петмина синови и три ќерки, како и повеќе од 200 внуци и правнуци. Сопругот починал пред 42 години.