
Млада жена направи експеримент, шетајќи полугола по лондонските улици. Практично беше само по долна облека, но изгледаше “облечена” со фармерки. Тие сепак беа специјално насликани на кожата со спреј.

Авторите на експериментот се загрижени од модата на исклучително тесни панталони. Со скриената камера тие докажуваат дека општеството толку е навикнато на нив така што тие не оставаат впечаток на никого.
Фармерките биле насликани од професионалната сликарка Сара Атуел која ги изработила врз кожата на русокосата Кели. Процесот траел два часа. Откако е подготвена, жената тргнува по улиците на британската престолнина. Прашањето што останува по експериментот, е колку луѓе ја разбрале во реалноста што всушност “носи” таа или едноставно како ја забележувале неа.