(ВИДЕО) ГЕРИЛА акција на Манаки: „Веома врло културно“ – герила акција за Иванов и Канческа-Милевска

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Активистите на „Битолското движење“ синоќа  со нова герила акција ги пречекаа претседателот на државата Ѓорге Иванов и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на црвениот тепих на отворањето на меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

gerila-akcija-braka-manaki-860x680[1]

Герилата акцијата беше изведена во моментот кога Иванов заедно со министерката чекореа по црвениот тепих, а активистите на Битолсото движење извадија три транспаренти.

На транспарентот за Иванов пишуваше „Хорхе = банално зло“, на вториот кој и беше наменет на министерката за култура стоеше „Веома врло културно“, а на третиот со порака за двајцата беше напишано „Маските долу“.

Активистите им довикуваа на Иванов за да му го привлечат вниманието и да ги прочита пораките наменети за него и за министерката за култура.Обезбедувањето и полицијата не им дозволи да се приближат до црвениот тепих.

Претседателот помина на црвениот тепех, се фотографраше, но влезе на гала претставата без да даде изјава.

 

ОТВОРАЊЕТО НА ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“ ЈА КРЕНА БИТОЛА НА НОЗЕ

Инаку на фестивалот ќе бидат прикажани  150  филмови во  различни категории, а во официјалната конкуренција ќе се натпреваруваат 14 филмски остварувања, избрани од светските филмски фестивали во Кан, Берлин и Венеција.  Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе трае до 17 септември, а ќе го затвори  премиерата на новиот македонски филм „Златната петорка“ на режисерот Горан Тренчовски.