(ВИДЕО) „Имам голема трема“: Вучиќ е возбуден пред доаѓањето на Меркел

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави видео на својот Инстаграм профил „Иднината на Србија“ во пресрет на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел.

Претседателот откри како се подготвува за доаѓањето на германската канцеларка.

Германската канцеларка Ангела Меркел слета во Србија нешто по 16 часот, каде што ќе се сретне со српските власти. За време на денешната средба, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе ѝ подари тепих од Пирот на германската канцеларка Ангела Меркел, потврдено е за Танјуг во Претседателството на Србија.

Како што објавуваат српските медиуми, Вучиќ на Меркел ќе ѝ подари уште еден личен подарок, што ќе биде изненадување. Германската канцеларка, чиј мандат е при крај, денеска ќе пристигне во Србија во дводневна посета.

Предвидено е околу 18 часот да се одржи свечена церемонија за пречек пред Палатата на Србија, по што ќе имаат разговори со претседателот Александар Вучиќ. За време на посетата на Белград, Меркел ќе разговара и со претставници на граѓанското општество на сите шест економии на Западен Балкан. Канцеларијата на канцеларката претходно објави дека разговорите меѓу двајцата државници ќе се фокусираат на билатералните односи, економските и политичките прашања и прашања од европска перспектива.

 

Слични содржини