
Жителка на Њујорк ја одржува и ваја својата фигура на … 98 години, пишува Daily Mail.
Родена во Индија Тао Порчон Линч живее во САД и се занимава со јога од 8-годишна возраст. Ги почнува тренинзите во 5 часот наутро. Според нејзини зборови главно е верувањето дека ништо не е невозможно и се прилагодува за себе за позитивно расположение.
“Радоста на животот е во самите нас”, ја открива таа тајна за долговечност и смислен начин на живот.
Порчон Линч патува низ целиот свет заедно со доктор Тери Кенеди. За време на нивните презентации жената прави јога и ги инспирира луѓето да тренираат. Пензионерката исто така се занимава и со балски танци.
Додека била млада таа учествувала на модна писта, снимала се и на филмо. Денес изданиетро ја нарекува најстариот активен инструктор по јога.