(ВИДЕО) Научниците открија огромен океан на 1000 километри под површината на Земјата

од Vladimir Zorba

Пронајден е океан на 620 милји под површината на Земјата. Ако тој се исуши, животот на нашата планета може да заврши, пишува “Дејли мејл”.

image_5901378_126

Две студии нашле докази за океани во долниот дел на земјата, приближно на 620 милји (1.000 километри) под површината. Не е јасно колку вода е складирана, но претходните истражувања покажуваат дека можеби е колку сите океани земени заедно.

Без овој огромен базен на вода, подложен на геодинамични активности кои предизвикуваат вулкани кои се важни за генерирање на почвата, животот на планетата ќе престане да постои

Во првата студија, истражувачите од Универзитетот во Флорида и Универзитетот од Единбург изјавиле дека водата постои многу подлабоко во земјата отколку што претходно се мислеше, складирани во минералите Брусит. Мајнак Мукхержи, раководител на истражувањето, вели: “Ние не мислевме дека водата може да се чува во водосодржајни минерали на слични длабочини.

Но сега знаеме дека е таму, треба да се разбере само колку вода може да се складира ефикасно на таква длабочина. “Во паралелна студија, истражувачите од северозападниот универзитет во Илиноис претпоставуваат дека оваа вода е многу подлабоко.

Тие откриле дијамант, исфрлен пред 90 милиони години од вулкан во близина на реката Сао Луис во Жујна, Бразил. Дијамантот има недостаток, содржи минерали кои останале во него за време на формирањето. Кога истражувачите го разгледале под микроскоп, потврдиле присуството на хидроксилни јони – дефинитивен доказ за постоење на вода на таква длабочина.

Слични содржини