ВИДЕО: Орландо Блум ја фасцинираше публиката со еден потег

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудската ѕвезда Орландо Блум успеа да ги изненади сите гости во еден паб во Велика Британија.

Актерот бил на прославата на Денот на Свети Патрик, а потоа ги изненадил сите присутни кога испеал многу тешка ирска песна.

Орландо Блум дошол лежерно, а потоа го зел микрофонот и на интересен начин со својот препознатлив глас ја извел ирската песна „She Moved Through the Fair“.

Популарниот актер е роден и израснат во Кент, Англија, а сега дошол во родната земја.

Орландо бил забележан во паб од радио водителот Крис Старк, кој ја снимил интересната сцена и ја споделил на социјалните мрежи.

„Орландо Блум само што почна да пее песна во пабот во кој сум“, напиша водителот и го објави видеото.

Слични содржини