ВИДЕО: Принцот Хари објави интригантен трејлер за неговиот нов документарец

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари денеска го објави трејлерот за неговиот нов документарен филм „Heart of Invictus“.

Оваа продукција ги прикажува ветераните кои повторно учат да бидат дел од заедницата во подготовка за игри.

Филмот ќе биде прикажан на 30 август.

Во трејлерот што беше објавен, првите кадри го прикажуваат принцот Хари како зборува за игрите и борбата за враќање во заедницата.

„Што и да носите, тоа е отскочна даска која ќе ве издигна на следното ниво“, вели војводата од Сасекс, додавајќи:

 

„Игрите не се фокусираат на она што ја предизвикува повредата, туку на закрепнувањето во однос на тоа како повторно да се биде дел од заедницата“.

Слични содржини