(видео) Протести во Атина: Грците против испраќање оружје во Украина

Лидерот на ККЕ укажа на проширувањето на ЕУ и НАТО за евроатлантските монополи да заземат „подобра позиција“ во експлоатацијата на природните ресурси и работната сила на луѓето во регионот.

од Бети Божиноска

Вчеравечер во во центарот на Атина се одржа масовоен протест со барање да се запре испораката на оружје за Украина, како и да се отстранат воените бази на САД и НАТО во Грција. Протестот го организираше Комунистичката партија на Грција (ККЕ) на централниот плоштад „Синтагма“ во близина на парламентот.

Генералниот секретар на Централниот комитет на ККЕ, Димитрис Куцумбас, разговараше со стотици луѓе кои извикуваа слогани и носеа црвени знамиња, посочувајќи дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис неодамна ја посетил Украина, на што имал право.

„Но, господине Мицотакис, истовремено немате право да ја вовлекувате нашата земја и народ се пдолабоко во крвавиот судир. Значи, мора да ја информирате јавноста за што точно разговаравте со украинскиот претседател Володимр Зеленски, на што се согчасивте, во какви нови опасности се подготвувате да не вовлечете?“, праша Куцумбас.

Според него, војната во Украина всушност не почнала во 2022 година, туку во 2014 година, по државниот удар што таму го извршија САД и ЕУ.

„Во Одеса, која ја посетивте, господине Мицотакис, пред 10 години на 1 мај 2014 година, избраните претставници на Зеленски, нацистите од Десен сектор, убија 100 синдикални активисти, главно од руското говорно подрачје, во зградата на синдокатот. Бевте ли таму да положите цвеќе? Најверојатно не“, нагласи Куцумбас.

Лидерот на Комунистичката партија на Грција укажа на проширувањето на ЕУ и НАТО за евроатлантските монополи да заземат „подобра позиција“ во експлоатацијата на природните ресурси и работната сила на луѓето во регионот.

„САД,  НАТО и ЕУ веќе 30 години го дизајнираат и го спроведуваат економското, политичкото и военото опкружување на Русија, вршат интервенции, пренесуваат воени сили и создаваат „воени“ бази на смртта, долевајќи масло во огнот,“ истакна тој.

Куцумбас нагласи дека дека поради надмоќта на Русија на бојното поле, францускиот претседател Емануел Макрон го покренал прашањето за испраќање војници во Украина и дека ова е јасна, директна воена интервенција на ЕУ и НАТО во војната во Украина, во која учествува и Грција.

Слични содржини