ВИДЕО: Роденденско изненадување за Трамп по судењето

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп по сослушувањето по обвинението за прикривање доверливи документи се појави во кубански ресторан во Мајами.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како Трамп ги поздравува поддржувачите во ресторанот „Версај“ во Мала Хавана, пишува „Дејли Мејл“.

Насобраните му пееја роденденска песна, бидејќи тој денеска го слави својот 77-ми роденден, по што поранешниот претседател нарача храна за сите.

Поранешниот американски претседател претходно се изјасни за невин по обвинението од 37 точки за злоупотреба на доверливи документи.

Слични содржини