ВИДЕО: Што му се случува на автомобилот кога поминувате со голема брзина на лежечки полицаец

од Aleksandar Todeski

Возачите често не ја намалуваат брзината на лежечките полицајци поставени на улиците, чија цел е токму спротивното, оние кои не ја прилагодуваат брзината да го забават возилото. На ЈуТјуб каналот „Warped Perception“ покажуваат што му правите на автомобилот кога нема да го забележите лежечкиот полицаец на време и ќе го „прелетате“.

На видеото објавено на ЈуТјуб е покажано што му правите на возилото на три различни лежечки полицајци, со обична но и забавена снимка, со цел подетално да погледнете колку го оштетувате автомобилот со тоа што ги поминувате без да ја намалите брзината.

Видеото освен од подалеку, покажува и одблизу како го оштетувате автомобилот кога со голема брзина поминувате преку лежечките полицајци. За тоа што правите не сведочи само автомобилот, туку и асфалтот кој е изгребан токму од автомобилите чии управувачи не ја прилагодиле брзината.

Слични содржини