(Видео) Татко на сијамски близначки: „Не можам да одлучам која да живее“

од desk2
264 прегледи

Ибрахим Ндјај од Сенегал е татко на шест деца, меѓу нив и сијамските близначки Марјам и Ндеј. Лекарите му рекле дека без операција за раздвојување двете ќе умрат, а со операција една ќе преживее.

Откако стапил во контакт со болници во Белгија, САД, Германија, Зимбабве, Шведска и Норвешка, за помош се обратил и во британската болница Great Ormond Street Hospital. Девојчињата тогаш имале само седум месеци, а денес имаат три години.

Родени се со одвоени глави, срца и бели дробови, но имаат заеднички црн дроб, мочен меур и дигестивен систем, а заедно имаат и три бубрега. Нажалост, срцето на Марјам е послабо и докторите претпоставуѕваат дека нема долго да живее, а евентуална смрт би имала последици и по животот на нејзината сестра.

Марјам речиси сигурно не би преживеала операција за раздвојување, но од друга страна тоа би и пружило на Ндеј шанса за нормален живот. Без раздвојување, на двете им се предвидува сигурна смрт.

„Во ваква ситуација не можете да го користите мозокот туку го слушате своето срце, а која одлука и да ја донесете ќе резултира со негово кршење“, вели очајниот татко со кого BBC го сними и документарецот „The Conjoined Twins: An Impossible Decision“.

Лекарскиот тим кој се грижи за девојчињата побарал помош од комисијата за етика предводена од консултантскиот педијатарот д-р Џо Брири, а неговата прогноза не е воопшто добра.

„Смртта на Марјам значи и смрт за Ндеј и тоа не можеме ниту да го промениме ниту пак да го спречиме. А во моментот кога Марјам ќе почне да умира веќе ќе биде касно за раздвојување“, објасни тој.

Токму поради тоа Ибрахим решил да не се прави операција бидејќи тоа би ја забрзало смртта на Марјам.

„Тие се заедно и се еднакви. Болницата Great Ormond беше многу јасна и отворена со мене за време на целото лекување. Дојдовме како пациенти, а сега сме многу повеќе од тоа. Лекарскиот тим го сметам за семејство. Во ниту еден момент не осетив притисок да морам да прифатам операција. Секогаш имаа почит кон мене. Јасно ми е дека ќе дојде време кога двете ќе мора да си заминат. Но, во овој момент тие се борат и ми даваат сила за живот. Морам да знам дека сум им овозможил сѐ што сум можел. Среќен сум што имав можност да бидам дел од ова патување“, заклучи Ибрахим.

Таткото открива дека девојчињата имаат сосема различен карактер и дека секоја е посебна: „Ндеј е пожива, сака внимание, додека Марјам е мирна и внимателна. Ндеј е оган, а Марјам ладна“.

Слични содржини