(ВИДЕО) Турција: Приведен осомничен за пожарите

од Nikola Popovski

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа објави дека е приведено лице кое можеби стои зад серијата пожари во земјата.

„Едно лице беше приведено во врска со пожарот во Милас. Наша обврска е да ги најдеме одговорните за палењето на шумите“, рече Ердоган на прес -конференција во Мармарис, пренесува ТАС С.

Полицијата мораше да го обезбеди приведениот на кого локалните жители му се заканувале со линч.

Да потсетиме, на југот на Турција, каде што се познатите летувалишта како Бодрум, Мармарис, Анталија, од минатата среда, бесните пожари однесоа шест животи, додека бројот на повредени надмина 400.

Слични содржини