13262211_10153982131239733_1611803386_o-860x680

 

„Куршумите живот значат, даско една“ со оваа порака испишана на булеварот Св. Климент Охридски пред зградата на Театар Комедија, демонстрантите ја поздравија директорката на оваа институција Јелена Жугиќ.
Поводот е нејзиниот статус на „Фејсбук“, со кој таа ја повика полицијата, дека е крајно време да употреби гумени куршуми против демонстрантите.

Потоа, беше обоена и зградата на Театар Комедија, а беа фрлени и неколку јајца.

Актерот Марин Бабиќ пред Собранието порача дека, поради „дотичната дама“, не по своја волја бил принуден да го напушти Драмски театар. И предложи на „Шарена револуција“, да купат 100 карти за во Театар Комедија и да напуштат среде претстава.


– Уметноста во која залутала, треба да го облагородува и оплеменува човекот, а не да го уништува. Таа нема појма што значат гумени куршуми. Би и порачал едно „ѓевојко Црногорко, гледај си дијете, јер где ќе ти душа јадна“ – и порача Бабиќ на Жугиќ.

Тој и предложи на „Шарена револуција“ меѓу нивните осум барања да го вметнат и барањето за промена на избирачкиот модел, односно да има една изборна единица, да има отворени гласачки листи и вистински луѓе да дојдат на вистинско место.

На претседателот Ѓорге Иванов му порача наместо 56 да аболицира 57 лица, односно и себе самиот, бидејќи го сторил најголемото зло.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски рече дека многу скоро ќе се формира техничка влада која ќе спроведе фер и демократски избори.

Тој порача дека луѓето кои изнеле милијарди од државата мора да одговараат.

Освен зградата на Театар Комедија, демонстрантите вечерва ги обоија и зградата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Собранието каде што заврши вечерашниот протест.

13275018_10153982073564733_1846894344_o 13262521_10153982204109733_9846173_o 13234471_10153982279654733_288574149_o 13234859_10153982152154733_1178012995_o

Слични содржини