ЕУ нема да отвора нови поглавја во преговорите со Турција за членство во ЕУ.

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц го блокира заедничкото соопштение на Советот на Европската унија за продолжување на преговорите за влез на Турција во организацијата.
ЕУ нема да отвора нови поглавја во преговорите со Турција за членство во ЕУ. “Еднаш и засекогаш да стане јасно дека повеќе нема да има нови поглавја со Турција”, изјави Курц и додаде дека за нивното отворање е потребно со едногласна одлука, но Австрија никогаш нема да се согласи. Австрискиот министер за надворешни работи бара замрзнување на преговорите на Турција за членство во ЕУ, но повеќето земји се изјаснија за продолжување на дијалогот.
Во оваа врска по седницата на Советот на ЕУ на ниво на министри за надворешни работи ќе има изјава само на Словачка, која во моментов претседава со Унијата. / ТАСС