Visa ќе прифаќа плаќања со криптовалутата USD Coin

од Stefanija Kuzmanovska

Американската компанија за картички Visa денеска објави дека до крајот на годината ќе почне да прифаќа плаќања со криптовалутата USD Coin во својата мрежа.

Со платформата за дигитално плаќање и криптовалути Crypto.com, компанијата започна пилот програма за плаќање со USD Coin, што треба да вклучува и други компании до крајот на годината

USD Coin е криптовалута чија вредност е фиксирана на курсот на доларот

Visa се одлучи за проектот откако неколку големи финансиски компании, вклучувајќи ги Mastercard, BNY Mellon и BlackRock, овозможија плаќања во криптовалути, а аналитичарите заклучија дека крипто-средствата ќе станат дел од портфолиото за инвестиции.

Ветерот во грб за криптовалутите беше најавата од минатата недела од страна на лидерот на производителот на електрични автомобили „Tesla“, Елон Маск, дека клиентите во иднина ќе можат да плаќаат за неговите автомобили со биткоини.

„Забележуваме дека потрошувачите ширум светот се повеќе бараат пристап до дигитални валути и нивно користење и задржување, а нашите клиенти сакаат да создадат производи што ќе им овозможат на потрошувачите пристап“, вели шефот на одделот за криптовалути во Visa – Кaј Шефилд.

До сега, ако, на пример, клиент сакаше да плати кафе со картичка Visa на Crypto.com, дигиталната валута во неговиот крипто-новчаник прво ќе се претвори во традиционални пари. Е-паричникот потоа ќе го депонира на банкарска сметка што на крајот Visa ќе го искористи за да ја подмири сметката.

Новата шема на Visa ќе го поедностават процесот и ќе ги намалат трошоците затоа што благодарение на Етереум блокчеин технологијата, дигиталната валута повеќе нема да мора да се претвора во традиционални пари.

Visa објави дека во март, во партнерство со Anchorage Digital Asset Bank, ја заврши првата трансакција, испраќајќи USD Coin преку Crypto.com адреса.

Слични содржини