Вкупно 1.210 ранети и болни од Газа пристигнаа во Египет до средината на јануари

од Radmila Tasevska

Вкупно 1.210 ранети и болни жители на Појасот Газа пристигнале во Египет од почетокот на конфликтот меѓу Хамас и Израел на 7 октомври до средината на јануари оваа година, објави египетскиот весник Ал-Ахрам.

Пациентите влегле во Арапската Република со вкупно 1.085 придружници и биле упатени и во локалните болници и во медицинските установи во други земји.

Во истиот период, околу 23 илјади луѓе – странци, лица со двојно државјанство, Палестинци и Египќани, поминаа преку граничниот премин Рафа од опколената енклава.

Последниот ден од јануари во Египет беа транспортирани 29 ранети и болни од рак со 57 придружници. Оние кои имаат потреба од здравствена заштита се примени во болниците во блискиот град Ел Ариш, како и во Шеик Зајед, Суец, Исмаилија и Порт Саид.

На 23 јануари египетската Црвена полумесечина ја објави втората фаза од изградбата на бегалскиот камп во Кан Јунис, кој се наоѓа во јужниот дел на Газа. Во првата фаза беа подигнати илјада шатори со капацитет од шест илјади луѓе.

Слични содржини